ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Еуростандард: Комплицирано е отварање на нова сметка во други банки


Пензионерите и примателите на социјална помош кои беа клиенти на Еуростандард банка а кои не можат физички да одат во банка за да извадат нова сметка, заглавија низ лавиринтите на институците. Потврди, нотарски заверени документи, полномошно во вид на нотарски акт се дел од побарувањата на банките кон граѓаните. Од Македонската банкарска асоцијација велат дека проблемот од денеска ќе биде надминат. Сите банки веќе го добиле образецот за полномошно кој ќе треба да го даваат на граѓаните за истиот нотарски да го заверат.

„Ве известуваме дека теркот за полномошно за отворање трансакциска сметка е усогласен со институциите и вчера е доставен до сите банки за нивно постапување“, изјавуваат од Македонска банкарска асоцијација.

Но, за да се извади вакво полномошно, граѓаните треба прво да платат нотарска заверка која чини повеќе од 1.000 денари. Нотарите одат на домашна адреса за да изготват полномошно со кое се овластува друго лице во име на примателот на пензијата или социјаната помош да отвори нова танскациски и во негово име да ги подигнува паричните средства. Па така доколку нотар ви дојде дома и сам го изготви полномошното тоа ќе ве чини 1.450 денари, а доколку полномошното е подигнато од банка заверката ќе чини 1.150 денари.

НОТАРСКА КОМОРА
– ДОКОЛКУ ПОЛНОМОШНОТО Е СОСТАВЕНО ОД НОТАР ЧИНИ 1.450 ДЕНАРИ
– 400 ДЕНАРИ НОТАРСКА НАГРАДА
– 50 ДЕНАРИ СУДСКА ТАКСА И
– 1.000 ДЕНАРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНОТО ДЕЈСТВИЕ НАДВОР ОД НОТАРСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА.
– ДОКОЛКУ ПОЛНОМОШНОТО Е СОСТАВЕНО ОД БАНАКАТА ЧИНИ 1.150 ДЕНАРИ
– 100 ДЕНАРИ НОТАРСКА НАГРАДА
– 50 ДЕНАРИ СУДСКА ТАКСА
– 1.000 ДЕНАРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНОТО ДЕЈСТВИЕ НАДВОР ОД НОТАРСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА

Банките од утре ќе почнат со исплата на пензиите. Но, оние кој не успеаа да отворат сметка во друга банка, а претходно ја примале пензијата преку Еуростандард банка следна исплата ќе ја чекаат на 7,14 или на 25 септември. Од ПИОМ и од Министрството за труд апелираат граѓаните побрзо да отворат сметка за да ги земат навремено паричните средства. За новата трансакциска сметка граѓаните не треба да одат во институциите туку само да ја информираат банката дека на новата сметка ќе ја примаат пензијата или социјалната помош.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button