ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Евакуација на учениците во тек – Дојави за бомба во три училишта во Кавадарци

Дојава за поставени експлозивни направи денеска се упатена во три училишта во Кавадарци, информираат од МВР.
Како што се наведува во соопштението од полицијата, во тек е евакуација и проверка на дојавите
„Денеска (05.12.2022) околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите“, стои во соопштението од полицијата