ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евакуирани и последните тројца македонски граѓани од Газа

Евакуирана е мајка со две деца, која претходно по сопствен избор беше останата во Газа. Ова утрово го соопштија од Министерството за надворешни работи, од каде што велат дека во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани се веќе евакуирани.

„Со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома“, се вели во соопштението од МНР.

„Потсетуваме на нашите контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС-телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542“, додаваат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button