ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евакуирани повеќето од македонските државјани во Авганистан

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со воени авиони педестина граѓани на РС Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава.

Advertisements

Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button