Еве до каде се заедничките гранични премини ветени од Заев и Рама
Еве до каде се заедничките гранични премини ветени од Заев и Рама

Поранешниот премиер Зоран Заев, пред повеќе од една година, во Тирана заедно со албанскиот премиер Еди Рама го потпишаа договорот за заеднички гранични пермини со Албанија. Но и по повеќе од 13 месеци овој договор останува само на хартија. На главниот премин, Ќафасан, нема ништо конкретно.
Владата молчи. Не одговорија на прашањата кои се причините за доцнењето на договорот и дали тој некогаш ќе се спроведе. Нема одговор ниту од Кабинетот на премиерот Еди Рама.
На 10 јуни минатата година, Рама и Заев по потпишувањето на договорот порачаа дека ова е важен чекор за олеснување на протокот меѓу двете земји.
„Уште еден договор во рамките на заеднички промовиран процес на олеснување за слободното движење на луѓе, стоки, услуги и капитал. Овој договор е специјално за заеднички гранични премини кои значително ќе го олеснат движењето меѓу граѓаните на двете земји“, рече Еди Рама.
Заедничката царина меѓу С Македонија и Албанија со години ја ветуваат властите во земјава. Во моментов земјава има заедничка гранична контрола само со Србија и тоа на граничниот премин Табановце./Alsat.mk
Мефаил Исмаили