МАКЕДОНИЈА
Еве каде досега излезноста е најголема, а каде најмала

До 15 часот на гласање излегле 31,8 отсто од граѓани, е податокот што предмалку го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, за излезноста на локалните избори.
Во меѓувреме, ажурираните податоци на веб-страницата на ДИК, покажуваат мала промена во процентот на излезност односно дека според обработени 95,15 отсто од гласачите, излезноста до 15 часот изнесува 31,49 отсто односно дека гласале 546 789 граѓани.
Даштевски на прес-конференцијата наведен и неколку општини со најголема и најмала излезност. Така, меѓу општините каде има најголема излезност се:
- Новаци – 59,16 отсто;
- Демир Хисар – 54,87 отсто;
- Лозово – 54,04 отсто;
- Вевчани – 51,25 отсто;
- Карбинци – 49,43 отсто;
Општини со најмала излезност се:
- Гостивар – 23,7 отсто;
- Дебар – 23,15 отсто;
- Желино – 23,03 отсто;
- Боговиње – 22,43 отсто;
- Сарај – 21,35 отсто;