ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еве каква е денеска состојбата со пожарите во земјава

„Два тима на ДЗС се на тешко пристапен терен во Василево, одат од жариште на жариште каде што чади и го гасат за да не се распали оти често пожарите се смирени наутро, а знаат да се разгорат по 12 часот кога фаќа жештината“, вели Ангелов

Целосно е изгаснат пожарот на военот полигон Криволак во што помогнал и дождот, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за „360 степени“ и потенцира дека во моментов нема активен пожар во земјава.

Advertisements

За пожарот во Василево, пак, вели дека го контолираат зашто иако нема оган, чади на неколку места па тимови на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се на терен.

„Два тима на ДЗС се на тешко пристапен терен, одат од жариште на жариште каде што чади и го гасат за да не се распали оти често пожарите се смирени наутро, а знаат да се разгорат по 12 часот кога фаќа жештината“, вели Ангелов.

Сепак, напоменува дека поради високите температури во текот на денот, состојбата со пожарите е доста променлива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button