ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Еве колку испадна трошокот за дочек на Новата Година „со руска и кифлички“

Еве колку испадна трошокот за дочек на Новата Година „со руска и кифлички“

Нова Година помина, па граѓаните прават пресметки за потрошеното. Покрај убавите моменти, имале и сметки. Високите цени на прехранбените производи предизвикаа многу граѓани да консумираат помалку и да се сведат само на основна храна. Граѓаните велат дека празниците ги поминале дома, не затоа што немале идеи, туку затоа што семејниот буџет не им дозволувал да слават надвор од домот.

Додека постарите прават математика по празниците за да го покријат месецот за плаќање на вообичаените сметки за кирија, лекови, осветлување и комунални услуги, од друга страна, многу млади и понатаму се веселат во маалските кафулиња. Понудите за патување во далечните земји беа скапи, а во соседните малкумина добија можност да ги преминат границите.

Едно четиричлено семејство, според пресметките, за новогодишната ноќ трошело во просек по 80-100 евра за храна и безалкохолни пијалоци. За огномет и украси 0-25 евра, за подароци 10-20 евра, а за превоз и гориво 10-30 евра.

Трошоци за новогодишните празници

Храна и пијалоци 80-100 евра
Огномет и украси 0-25 евра
Подароци и посвети 10-20 евра
Транспорт и гориво 10-30 евра

Некои велат дека им недостигало омиленото јадење, но повеќе велат дека им недостигале членовите на семејството. Официјалните податоци на МВР, кои се однесуваат на влез и излез од државава во текот на декември, покажуваат дека за разлика од лани помал бил бројот на иселеници кои дошле да прослават во својата татковина. Покрај што ги чекаа семејствата, тоа имаше влијание и за финансиските трансфери зашто нашата економија е зависна од дознаките од иселениците.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button