ВЕСТИЗДРАВСТВО

Еве зошто никогаш не треба да влегувате дома со чевли!!!

Најчесто пред да влеземе во нашиот дом си ги собуваме чевлите затоа што нашите мајки воспоставиле таков ред и дисциплина. Тоа најчесто го правиме за да се одржува хигиената во домот. Но, сега и научниците советуваат дека никогаш не треба да влегуваме пред да ги соблечеме чевлите. Еве зошто…

Според научниците, се работи за нешто повеќе од само чисти подови. Всушност, носењето чевли внатре го зголемува ризикот од внесување некоја бактерија од надворешниот свет. Истражувањата покажуваат дека на надворешноста на чевлите има 421.000 бактерии од 9 различни видови.

Овие бактерии можат да се закачат на нашите чевли бидејќи поминуваме низ места кои претставуваат легла на бактерии како што се јавните тоалети, нечистата вода, животинскиот измет и сл.

Да не ги заборавиме и валканите вирови во кои сте стапнале, а кои покрај вода, содржат остатоци од бензин, нафта, моторни масла и што ли уште не.

Едноставно е – соблекувајте ги чевлите кога влегувате дома и не јадете храна што случајно ќе ви падне  на подот, иако ви се чини дека е чиста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button