ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евентуалната идеја за Бадентер во Уставниот никогаш не би наишла на поддршка од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е категорично против идејата на албанските партии законите што се изгласуваат во Собранието со бадентерово мнозинство, да бидат заштитени со истиот принцип во Уставниот суд. Идејата доаѓа откако по поништувањето на балансерот, кој беше одобрен со баденетерово мноизинство во Собранието, а се поништи со просто. На прашањето на АЛСАТ, првиот човек на СДСМ, Филипче децидно рече дека нема да поддржи таква идеја.

Advertisements

Иако досега ништо официјално не е предложено, првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека се обидуваат да најдат законско решение за Бадентер во Уставот.

Сè што произлегува од Охридскиот договор, сè што има врска со идентитетот на Албанците и другите етнички заедници во Македонија кои не се мнозинство, овозможи сето ова преку ноќ да падне во вода бидејќи од самиот почеток не се успеа во Уставниот суд да има Бадентер, а за прашањата поврзани со идентитетот на Албанците и другите заедници, да се одлучува со две мнозинства.

Досега нема иницијатива ниту од ДУИ. Од редовите на Европскиот фронт зборуваше само Зијадин Села.

Со донесување закон или измени на законот во Уставниот суд, секоја одлука донесена по принципот на бадентер, да мора да се носат со двојно гласање или со таканаречениот Бадентеровиот принцип.

За во иднина да не се случува истото како со Балансерот, истата идеја ја поддржа и самиот уставен судија Осман Кадриу. Според него, ова прашање треба да се уреди со уставни измени, за да се спречи надгласувањето на судиите Албанци. Законот за употреба на јазиците е на 11 декември е на седница на Уставниот суд.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button