ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕВН: Екипите на Електродистрибуција непречено работат во Арачиново

Екипите на Електродистрибуција вчера излегоа на терен во Арачиново и непречено започнаа со реализација на правата фаза на планот, информираат од ЕВН Македонија.

-Во оваа фаза се прави инспекција на мрежата по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и отстранување на  дефектите кои беа резултат на нелегалните приклучувања, велат од ЕВН за МИА.

Реконструкцијата, како што посочуваат, ќе трае со месеци па дури и повеќе од година.

-Целосната реализација на планот ќе значи снабдување без прекини и речиси без дефекти за жителите на Арачиново, потенцираат од ЕВН Македонија.

По минатонеделниот прекин на снабдувањето со електрична енергија во Арачиново поради преоптовареност на трафостаницата од неовластено користење струја, министерот за економија Крешник Бектеши  информираше дека во координација со градоначалникот на општината и раководството на ЕВН е најдено привремено решение за прашањето за снабдување со струја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button