ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЕВН: Лица од Слупчане искршиле катанци и насилно влегле во енергетски објект и оставија повеќе села без струја

ЕВН: Лица од Слупчане искршиле катанци и насилно влегле во енергетски објект и оставија повеќе села без струја

Во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на Електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

Advertisements

„По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици.Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане“, велат од ЕВН.

Електродистрибуција и денес го потврдува истото. Мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

“Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат.” велат од компанијата.

Кражбите на електрична енергија во ова село се 80%, а наплатата е само 20%.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button