ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир: „Хрватска има 20 заедници во Уставот“

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, повторно ја спомена важноста од уставните измени за понатамошната евроинтеграција на државава. Тој смета дека измените не влијаат врз идентитетот, па како пример ја наведе Хрватска, која во Уставот има вкупно 20 заедници. Според Гир, Македонија треба внимателно да ги разгледа сите предлози за промена на Уставот и да дебатира за нив. Во интерес на ЕУ е овие промени да поминат, рече амбасадорот.

Advertisements

„Уставните измени се многу важни за оваа држава. Но, јас би дал некои коментари. Ќе треба да се видат точно кои се предлозите и да се дебатира за нив. Ние разбираме дека заложбата е луѓето кои се идентификуваат како Бугари да бидат вклучени во Уставот. Тоа е нешто што ќе ги консолидира и онака добрите меѓуетнички односи на државата. Има и други слични примери како Хрватска, која има повеќе од 20 заедници во уставот и тоа не влијае врз идентитетот на државата. Исто така важно е да се види целосната слика. Она што го гледаме сега е важен моментот не само во Северна Македонија“, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button