ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир против распуштањето на Судскиот совет

Европската Унија е против најавата на Владата за целосно распуштање на Судскиот совет и на обвинителите. Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, на конференцијата за спроведување на препораките на евалуациската мисија од страна на Судскиот совет, и порача на власта дека ваквите постапки ќе значат мешање на извршната власт во судската. Амбасадорот препорачува да не се преземаат вакви чекори бидејќи нема гаранција дека ќе бидат ефективни.

Advertisements

„Зајакнувањето на владеењето на правото не треба да се презема на начин што ќе ги наруши принципите на поделба на власта. На пример, распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, отворено кажано, би претставувало мешање во независноста на судството, а со тоа и сериозна загриженост“, рече Гир.

Самиот Судски совет е против идејата за распуштање. Претседателката Весна Дамева вели дека сепак одговорноста треба да биде индивидуална, а не колективна.

Од Здружението на судии и порачуваат на Владата пред да се направат вакви реформи да се консултираат претставниците на судската власт.

Премиерот Христијан Мицкоски во неколку настапи, но и во владината програма ветува распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет бидејќи го изгубиле кредибилитетот кај граѓаните. Во програмата пишува дека Владата ќе иницира и измени на Уставот во делот на регулирање на составот на советите, при што ќе се бара да се избираат членови од редот на судиите и обвинителите. Против оваа идеја се и експертите, кои бараат  да нема интервенција на извршната власт во судството.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button