Евроамбасадорот Гир: „Уставот на Хрватска го земавме само како илустрација“

Евроамбасадорот во Скопје Дејвид Гир вели дека за менувањето на Уставот во земјава, хрватскиот модел бил земен само како илустрација. Според Гир, вклучувањето и на други заедници во него немало да ги загрози националните интереси и идентитетот во земјава.
„Не се работи за драматични промени, тука мислам на промените за луѓето кои се идентификуваат како Бугари. Тоа е чувствителен дел и само го консолидира највисокиот правен акт. Што се однесува до формата на уставот, знаете дека секоја држава има свој единствен модел и форма. Само за илустрација се повикуваме на Хрватска, која вклучува над 20 заедници без разлика дали се бугарска, албанска итн. Вклучувањето на заедниците не ги загрозува вашите национални интереси или вашиот идентитет. Повторувам, ова е работа што треба сама да ја направи вашата земја“, рече Гир.