ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евроамбасадорот Гир во посета на Куманово

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, и Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ, ќе го посетат Куманово и ќе имаат  средба со градоначалникот Максим Димитриевски, со што ќе го означат почетокот на општински посети во 2022 година.

Advertisements

Евромбасадорот Гир, градоначалникот Димитриевски и Худолин ќе го посетат хотел „Солун“ во центарот на Куманово – споменик на културата кој неодамна беше преадаптиран во мултифункционален центар со поддршка од ЕУ.

-Процесот на трансформација, вклучувајќи реставрација и реновирање на поранешните хотелски простории, беше спроведен како дел од прекуграничната соработка помеѓу општина Куманово и општина Дупница. Реновирањето, финансирано од ЕУ во вредност од приближно 180.000 евра имаше цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Североисточниот плански регион, истовремено обезбедувајќи одржливост и зачувување на автентичноста на културното наследство на Куманово. Тоа е, исто така, уште еден пример за повеќекратните придобивки од прекуграничната соработка, информира Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button