ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Евроинтеграцијата, изборите и Изборниот законик, теми на лидерската средба в понеделник

Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ќе бидат темите на лидерската средба која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја закаже за понеделник (4 декември).
Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.