
По вчерашното учество на самитот „Отворен Балкан“ во Охрид, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји денеска е во посета на Бугарија.
Тој во Софија ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Оваа посета на Бугарија, Вархеји ја најави уште при последниот престој во земјата на 20 мај, кога по средбите со Радев, Петков и Генчовска изјави дека наскоро повторно ќе се врати во Софија со цел изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отпочнување на преговорите со Македонија.
Пред денешното заминување за Софија, Вархеји вчера изјави дека се работи интензивно за Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во Европската Унија.