КОШАРКАСПОРТ

Евролига, познати се тимовите кои ќе играат во плеј-оф и плеј-ин

Синоќа заврши регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Познати се тимовите кои влегоа во плеј-офот (Реал, ПАО, Монако, Барселона, Олимпијакос, Фенербахче) и оние кои ќе играат плеј-ин (Макаби, Басконија, Ефес, Виртус).

Пред почетокот на плеј-офот, познати се две сигурни двојки: Монако-Фенербахче и Барселона-Олимпијакос. Во плеј-ин Макаби ќе ја пречека Басконија, победникот од овој натпревар ќе биде седми и ќе игра во плеј-офот против Панатинаикос.

Победникот од Ефес и Виртус ќе играат за осмото место против поразениот од дуелот Макаби-Басконија. На крајот победникот за противник ќе го има Реал Мадрид. Плеј-ин дуелите се закажани за 16. и 19.април.

Четвртфиналните серии ќе се играат за три победи, од 23 април до 8 мај, а фајналфорот ќе се одржи од 24. до 26. мај во „Мерцедес Бенц Арената“ во Берлин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button