ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Европарламентарците дадоа поддршка земјава да добие 100 милиони евра за реформи и економска стабилност

Европарламентарците изгласаа на земјава да ѝ се одобрат 100 милиони евра преку инструментот за Макрофинансиска помош. Денеска членовите на Комитетот за меѓународна трговија го поддржаа предлогот на Европската комисија, со што средствата од овој инструмент наскоро ќе бидат ставени на располагање, соопшти владината прес-служба.
Следува потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, по што средствата од овој инструмент ќе бидат достапни во две транши.