ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европратениците имаат консензус за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот за земјава

Бришењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од Извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент е исто толку лошо како да се опишува како „модерен“, вели премиерот Мицкоски. Тој коментираше за извештаите во бугарските медиуми дека веќе постои консензус во Европскиот парламент за бришење на јазикот и идентитетот од извештајот.

Advertisements

Од СДСМ велат дека единствениот виновник за она што се случува со идентитетот во ЕУ е Мицкоски.

„Заради теснополитички интереси, тој одново ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент – прашање што беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен македонски јазик на македонскиот народ. Мицкоски не може да впери прст кон никого за поразот што Македонија повторно го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев, со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани, се виновни за оваа состојба“, рекоа од СДСМ.

Трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласија да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија, за кој ќе се гласа на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули. Ова го потврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи. Според него, темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја која е кандидат за членство во ЕУ. Предлогот ќе биде даден на пленарна седница само неколку дена откако Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го отфрли амандманот за додавање на зборот „модерен“ на македонскиот јазик и идентитет.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button