Европска инвестициска банка: Судирите во Градот, можат да го загрозат грантот

Европската инвестициска банка (ЕИБ) оценува дека во првата фаза од проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје се испочитувани сите услови и обврски преземени за исплата на пари. Во одговор за Алсат од оваа институција потенцираат дека до денеска Комисијата за евалуација посветено ги исполнила сите обврски. Според Европската инвестициска банка, последните случувања во Скопје може да го загрозат грантот за изградба на Станицата.
„Обидите за ревидирање на стратегијата за набавка без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација или неусогласување со постојните принципи за доверливост, може да предизвикаат големо доцнење во процесот на набавки и на овој начин да се загрози пристапот до средства. Европската инвестициска банка се радува на успешното завршување на следната евалуација и дистрибуција на соодветните договори без никакво откажување“, велат од ЕИБ.
Во меѓувреме, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не сака да ги коментира предупредувањата на Европската инвестициска банка дека создадената состојба може да го загрози грантот. Таа рече дека се сомнева во документите доставени до Банката.
И додека Арсовска не го коментира ставот на Банката, на седницата на Советот на Град Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно покренуваат сомнеж за тендерот. Тие дури спомнаа имиња кои, според ВМРО-ДПМНЕ, можеби се поврзани со фирмата учесничка на тендерот за кој опозицијата се сомнева дека Арсовска го фаворизирала.
Арсовска не одговори на прашањата на Галески.
Изградбата на станицата за третман на отпадни води е најголемата инвестиција на ЕУ во нашата земја. Овој проект чини вкупно 136 милиони евра и е финансиран од Европската инвестициска банка, Европската банка за развој и обнова, како и од Европската комисија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Мефаил Исмаили