ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европска конфедерација: Да престане притисокот врз Синдикатот

Европска конфедерација: Да престане притисокот врз Синдикатот

Европската конфедерација на синдикати со остар тон против притисоците што се вршат врз синдикатите во земјава. Бараат да се најде пат за социјален дијалог и решение за минималната плата. Претставнчката на оваа конфедерација Деа Жарк нагласува дека будно ја следат состојбата во сите земји, со посебен акцент на земјите кои се во процесот на проширување. Таа рече дека ќе ја извести и Европската комисија што ќе се одрази и на годишниот извештај за напредокот на земјата.

Advertisements

„Да се биде член на синдикат е човеково право, тоа е право на работникот кое мора да се почитува и ниту владата ниту работодавачите не треба да ги напаѓаат синдикатите… Оние кои не ги почитуваат правата мора да одговараат. Се надевам дека во Северна Македонија овие напади врз синдикатите ќе престанат, ќе се врати социјалниот дијалог и ќе има разговори и преку нив ќе се договорите колкава е соодветната минимална плата за работниците. Следиме и известуваме што се случува во оваа земја”, рече Деа Жарк, Европска конфедерација на синдикати.

Но, премиерот Христијан Мицкоски не е загрижен за ова. Тој ги повикува претставниците на конфедерациите да ги слушнат сите страни и потоа да донесат заклучоци.

Првиот човек на ССМ, Слободан Трндафилов, истакна дека на притисоците ќе одговорат со притисоци, без разлика од кого доаѓаат. Судирите меѓу синдикалците и владините претставници се изразија по несогласувањата околу зголемувањето на минималната плата на 500 евра и барањето за плаќање придонеси од страна на Владата./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button