Европската вселенска агенција го лансираше првиот сателит за мерење на јаглеродот во шумите во светот

Европската вселенска агенција (ESA) успешно го лансираше првиот сателит дизајниран за прецизно мерење на количеството на јаглерод во светските шуми, користејќи специјален радарски систем кој продира низ врвовите на дрвјата и овозможува увид во внатрешноста на шумските екосистеми.
Сателитот наречен Biomass е лансиран од базата на агенцијата во Куру, Француска Гвајана и користи радар со долга бранова должина, што му овозможува да открие гранки и дрвја скриени под крошната, за разлика од постоечките радари кои само ја регистрираат површината.
„Сакаме да ги истражиме овие шуми одвнатре. За прв пат ќе имаме прецизни податоци за тоа колку јаглерод има во Амазон, Конго и Индонезија“, рече професорот Џон Ремедиос од Националниот центар за набљудување на Земјата, кој ја предложи мисијата на ESA.
Тимот очекува првите мапи на Biomass да бидат готови во рок од шест месеци, додека податоците за количината на јаглерод складирана и изгубена преку уништувањето на шумите ќе се собираат во следните пет години.