МАКЕДОНИЈА

Европски фронт: 100 дена неуспех, понижување и презир

Неуспех, понижување и презир е описот што Европскиот Фронт го направи за првите 100 дена од владата. Нивните критики главно беа упатени до албанските претставници во Владата, за законот за јазиците, отстранувањето на, како што велат, Албанците од институциите, балансерот итн. Тие рекоа дека не се заинтересирани да бидат дел од оваа влада за да ги легитимираат репресивните политики. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави дневни прес-конференции на коалицијата за презентирање на неуспесите на ВРЕДИ.

Advertisements

„Ќе им го донесеме сонцето над нивните глави, бидејќи Албанците и другите заедници не го заслужуваат ова понижување и презир. Не сакаме да бидеме дел од оваа влада. Дури и кога слушам такви работи, се фрустрирам и им кажувам на сите, ние не сме резервна гума за секој кој има дефекти на патот за да не стави. Да не играат мајтап со големи прашања. Се оспорува законот за јазикот. Не пипај на стара рана, брате. Да отвориме истрага за сите функционери, за потеклото на нивното богатство. Но, не секаат, бидејќи влегоа партали, а станаа милионери и милијардери“, рече Ахмети.

Ахмети во својот говор ги исмеа функционерите на ВРЕДИ и нивните политички позиции за етничките прашања.

„Ги видовте, излезе ли Снопче, реков еј, алал нека му е на овој маж. Следниот ден, рекоа „не не, тоа беше политика“. Арбен излезе од Америка и рече „молчете, молчете зашто јас сум во Америка, кога ќе дојдам ќе средам“, ги оставија институциите без Албанци, ги оставија со дилеми за јазикот, за знамето. Го промаши тој претседателот на Зејд знаемто, таму каде што го држеше Талат. Така се прават реформи, промени. Но пак тие не се наши катили, и тие се луѓе кои пристапуваат, какои сме реаботеле заедно. Дури Ѕијадин го направи претседател Арбен, не го направив јас. Почекајте, Зејд го направи претседател Африм, ајде сега. Ако мене ми избега потпретседателот, вам претседателите ви заминале оттаму“, рече Ахмети.

Челниците на Европскиот фронт го поканија ВРЕДИ да ја напушти Владата и да им се приклучат во Фронтот, како што рекоа, во интерес на Албанците и другите заедници. Некои од нив дури и повикаа на предвремени избори.

Претседателот на АА, Зијадин Села, најави отпор.

„Кажете ни до каде планирате да одите за да ги угнетувате Албанците и другите заедници, а ние јасно ќе одговориме дека ќе има отпор, невиден отпор од Европскиот фронт, заедно со Албанците и другите заедници. Она што ви го зборуваме, знаете што е, ние не доаѓаме на власт, дојдете вие кај нас. Да го направиме Фронтот точно значаен и да му го покажеме местото на Христијан Мицкоски, покажувајќи му ги црвените линии за тоа како и до кој степен тој има право да постапува и да се однесува со овој народ“, рече Села.

Иако чекорите за нивниот отпор не беа обелоденети, една од можностите што беше спомената беа протестите. Лидерот на ДУИ, Ахмети, рече дека ќе почнат со средби со граѓаните и ќе прават што бара народот. На денешната конференција, од лидерите на Фронтот го немаше Мендух Тачи.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button