ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европски сојуз за промена: ДУИ му дава тендер во вредност од 4 милиони евра на српското подземје

Од Европскиот сојуз за промена на денешната прес конференција изнесоа тврдења за соработка помеѓу ДУИ и компании од Белград, чии сопственици, според српските медиуми, се криминални структури од српското подземје.

Advertisements

„Сакаме да ја информираме јавноста дека, неодамна, компанијата “Novo VLT”,која е во сопственост на Државна лотарија, каде членови на Бордот се Перпарим Бајрами, Омер Буњаку и Артин Спахиу, сите од ДУИ, потпишале договор во вредност од  3.700.000 евра со компанијата “HTL Makedonija”, со сопственици од Белград, додека предмет на овој договор е снабдувањето со 462 ВЛТ апарати за  уништување на семесјтвото и животот на нашите граѓани. За информација на јавноста, пред една година, кога со Државна лотарија раководеше кадар од една друга партија, за 500 ВЛТ апарати платено е два милиона евра, односно двојно помалку од сега.Имајќи ги овие информации, јавно го прашуваме курбанот на Артан Груби, Перпарим Бајрами, дали овие валкани работи ги договорил во локалот “Lafayette Cabaret Club” во Белград, и во чии џебови завршиле овие два милиони евра?Кога сме тука, го прашуваме и Демократската унија за интеграција зошто не се волку храбри да ги заштитат интересите на Косово кога директно се загрозува територијалниот интегритет од српски терористи, додека се толку желни за соработка со криминогени структури во Србија?Дали можеби овие валкани бизниси со српското подземје се причината што некогаш беа погласни за проектот на Александар Вучиќ „Отворен Балкан“, отколку да го заштитат Косово денес?!“, прашуваат од Европскиотсојуз за промена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button