СВЕТ

Европскиот комесар, Бретон, го претстави здравствениот сертификат!

Комесарот на ЕУ за единствен пазар, Тиери Бретон, денеска во интервју за неколку француски медиуми го претстави „европскиот здравствен сертификат“ за вакцинација против коронавирусот, кој ќе им биде достапен на граѓаните од 15 јуни, но додаде дека тоа нема да биде задолжително.

Advertisements

Знаеме како ќе изгледа идниот здравствен сертификат, кој ќе биде достапен од 15 јуни. Тоа ќе биде документ со информации за вакцинација и антитела развиени против вирусот корона – рече Бретон.

Тој посочи дека сертификатот треба да биде достапен во дигитална верзија или на хартија, а треба да го издадат министерствата за здравство на земјите од Европската унија.

Сертификатот или пасошот, како што го нарекуваат некои медиуми, ќе има информации за државјанството, видот на вакцината и антителата.

Бретон рече дека постои можност документот, иако не е задолжителен, да биде препорачан при патување со авион, учество на важни настани или влегување на јавно место. Во отсуство на тој документ, неопходен е негативен тест за коронавирус.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button