
Пратениците денес ќе гласаат за предлогот за (не)доверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поднесен од десничарските групи во телото.
Седницата е закажана да започне во 12:00 часот, а се верува дека за предлогот нема да се гласа.
Предлогот за недоверба го поднесе романскиот десничарски европратеник, Георге Пипере, поради, како што изјави, недостатокот на транспарентност на претседателот на ЕК во скандалот „Фајзергејт“, каде што фон дер Лајен не објави размена на текстуални пораки со извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, за време на пандемијата Ковид-19, кога Европската унија преговараше за купување вакцини од американска лабораторија.