ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европскиот сојуз за промени го бојкотира Собранието

Европскиот сојуз за промени го бојкотира Собранието

Шестмината пратеници на коалицијата Европски сојуз за промени од денеска ја бојкотираат работата на Собранието во знак на протeст за одложениот избор за член на Државната изборна комисија, за кои велат дека треба да биде на нивен предлог. Бојкотот важи додека првиот човек на Собранието не го стави на дневен ред изборот на Абдуш Демири за член на ДИК.

Advertisements

„Ова е само првиот чекор. Очекуваме и македонската опозиција да остане доследна на изјавата дека ќе ја напушти ДИК, доколку албанската опозиција не добие свој член. Впрочем, заштитата на нашето право за член во ДИК не е само наш политички интерес, туку на тој начин се заштитени темелите за слободни, фер и демократски избори“, рече Сафије Шахини Садику, координаторка на пратеничката група на Европскиот сојуз за промени.

Доколку до изборот на техничката влада не се избере член на ДИК, Европскиот сојуз за промени најавува други мерки, меѓу кои и блокирање на одржувањето на изборите во Тетово и Чаир.

На соопштувањето на одлуката за бојкот на Собранието присуствуваа и лидерите на трите партии. На прашањето дали се подготвени за предизборна соработка со партијата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со која имаат соработка во советот на Град Скопје, првиот човек на Алтернатива Африм Гаши одговори .

„Нашата коалиција е јасно дефинирана и сака да победи во албанскиот блок во албанскиот политички табор. А потоа ќе видиме кој ќе победи од македонскиот табор и дали ќе ги исполни условите што сме ги истакнале уште пред да влеземе во изборниот процес“, изјави Африм Гаши, лидер на Алтернатива.

Во меѓувреме, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, не ја коментира можноста за заедничка листа на пратеници меѓу СДСМ и ДУИ, но е убеден во победата на албанската опозиција.
Изет Меџити, претседател на Демократско движење „Тоа е нивна работа. Нашиот излез, обединувањето на албанската опозиција со атрактивна платформа и програма за граѓанинот, има алтернатива за промени. ДУИ и другите го изгубија политичкиот „компас“ , наутро различно размислуваат, навечер поинаку, не знаат каде одат“.

Европскиот сојуз за промени преку јавен повик вчера ја покани Алијанса за Албанците да се придружи на опозицијата во предизборна коалиција./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button