ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европскиот сојуз за промени ја повлече поддршката за уставни измени

Албанската опозиција оценува дека Владата не е подготвена за промена на Уставот, па затоа отсега нема да ја има поддршката од Европскиот сојуз за промени кој во Собранието има 6 пратеници. Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, во интервју за Алсат изјави дека тоа што Владата покажала резервираност за менувањето на терминот „20%“ со кој во Уставот се именува албанскиот јазик, докажува дека не сака поддршка од албанската опозиција во овој процес.

Advertisements

„Сега гледаме дека оваа Влада не сака да го продолжи интегративниот процес. Оваа Влада мора да си оди. Со оваа Влада нема повеќе поддршка за уставни измени“, рече Касами.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска кусо искоментира дека за промена на Уставот се потребни две третини од пратениците, односно најмалку 80 гласови.

„Ние сме во процес на промена на Уставот за што ни треба мнозинство од две третини“, рече Џафери.

Џафери вчера рече дека не го засега дали има доволен број или не, туку едноставно седницата ќе ја продолжи штом ќе биде информиран оти е обезбедено потребното мнозинство.

Расправата за отворањето на Уставот закочи на крајот од расправата, а седницата беше прекината поради немање доволен број пратеници за процесот да продолжи.

Со измените се предвидува вклучување на Бугарите во преамбулата, што претставува услов за Македонија да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ.

Македонската опозиција отворено соопшти дека нема да ги поддржи измените, а албанската опозиција како услов го постави отстранувањето на терминот „20%“ и одобрување на амандман за незастарување на кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената должност.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button