МАКЕДОНИЈА

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во случајот „Мемедова и другите против Северна Македонија“ и утврди дека на четири лица, граѓани на С. Македонија, припадници на ромската етничка заедница, им било повредено правото на слобода на движење и забраната за дискриминација од страна на граничните служби, информираа денеска од Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Advertisements

– Овие четири лица беа жртви на незаконската пракса која ја применуваше МВР во период од 2011 до 2016 со која на лицата од ромската етничка заедница, им беше честопати забранет излез од државата, без законска основа и честопати на начин со кои се повредува нивното човеково достоинство, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button