ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Европските берзи го следат падот на Волстрит

На европските берзи утрово цените на акциите паднаа, по вчерашниот благ раст, со што следеше падот на Волстрит и на азиските пазари.

Advertisements

Индексот „STOXX 600“ на водечките европски акции беше во минус од 0,4 отсто во 9:30 часот, губејќи ги вчерашните добивки.

Утринава лондонскиот „FTSE“ индекс загуби 0,63 отсто, на 7.314 поени, додека франкфуртски „DAX“ падна за 0,82 отсто, на 13.827 поени, а париски „CAC“ за 1,01 отсто, на 6.408 поени.

Цените на акциите паднаа и на азиските берзи. „MSCI“ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, околу 9:30 часот беше во минус од 0,9 отсто, слабеејќи втор ден по ред.

Истовремено, на Токиската берза индексот „Никеи“ потона за околу 2,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Шангај, Австралија и Хонг Конг паднаа меѓу 0,8 и 1,5 отсто.

Извор: СП

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button