СПОРТФУДБАЛ

„Европските бразилци“ ќе отпатуваат со најсилниот можен состав во Германија

Репрезентацијата на Португалија секогаш има големи амбиции на Европските првенства, па така ќе биде и летово во Германија. „Европските Бразилци“ ќе отпатуваат со најсилниот можен состав, а во тимот има место и за легендарниот Кристијано Роналдо.

Интересно е тоа што првата ѕвезда ќе настапи на континенталниот собир со полни 39 години, но тој не е највозрасниот играч во тимот, затоа што заедно со него ќе биде и стоперот на Порто, Пепе, кој веќе наполни 41 година.

Дефанзивецот прикажуваше одлични игри минатите две сезони и сосема заслужено доби повик од селекторот Роберто Мартинез, а во ростерот ќе бидат и другите големи ѕвезди како Бруно Фернандеш, Рафаел Леао, Бернардо Силва и останатите. Португалија има една европска титула од 2016 година, но и сега ќе се вбројува меѓу фаворитите за највисок пласман, а навивачите веќе најавија опсада на Германија и огромна поддршка за своите миленици.

Комплетниот список на Португалија за Европското првенство во 2024 година:

Голмани:

Диого Коста, Руи Патрисио, Жозе Са

Одбрана:

Жоао Кансело, Диого Далот, Нелсон Семедо, Пепе, Рубен Диас, Антонио Силва, Гонсало Инасио, Нуњо Мендеш

Среден ред:

Палиња, Рубен Невеш, Витиња, Жоао Невеш, Бруно Фернандеш, Отавио

Напаѓачи:

Бернардо Силва, Рафаел Леао, Франциско Консеисао, Диого Жота, Жоао Феликс, Гонзало Рамос и Кристијано Роналдо

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button