ВЕСТИСВЕТ

Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ

Лидерите на Европската унија ја предложија Урсула фон дер Лајен за кандидат за претседател на Европската комисија, Каја Калас за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и го избраа Антонио Коста за претседател на Европскиот совет, објави актуелниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Според него, Европскиот совет ја манифестирал својата одговорност со тоа што ја донесе ваквата важна, есенцијална и тешка одлука и успеа да го заврши Самитот во еден ден, минувајќи ги сите точки од дневниот ред, иако беше планирано тој да трае два дена.

Именувањето на Фон дер Лајен на функцијата претседател на Комисијата сега мора да биде потврдено од Европскиот парламент со мнозинство гласови од вкупниот број европратеници.

Калас треба да биде потврдена од претседателот на Комисијата, што е формалност. Таа, исто така, ќе се појави пред европратениците наесен, иако тие не можат да ја отфрлат како висок претставник на ЕУ за надворешни работи, пишува „Гардијан“.

Од друга страна, самиот Европски совет го избира својот претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button