ВЕСТИСВЕТ

Европските лидери со поддршка за Зеленски

Европските лидери со поддршка за Зеленски

По вчерашната тензична средба помеѓу украинскиот претседател Волдимир Зеленски и американскиот Доналд Трамп, европските лидери остро реагираа, потврдувајќи ја својата подршка за Украина. Претседателката на европската комисија му порача на Зеленски. Никогаш не си сам драг претседателе Зеленски.

Advertisements

„Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни“. Никогаш не си сам, драг претседателе Зеленски. „Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“, рече Урсула Фон дер Лајен, Претседателка на европската комисија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш ја изрази подршката за Украина и му порача дека Украина може да се потпре на Германија.

„Затоа заедно го бараме патот кон траен и праведен мир. „Украина може да се потпре на Германија – и на Европа“, рече Шолц„, рече Олаф Шолц Германски канцелар.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не се каат за тоа што пред три години одлучиле да и помогнат на Украина и да ја санкционираат Русија, ќе продолжиме да го правиме тоа рече Макрон.

„Ние, тоа се Соединетите Американски Држави, Европејците, Канаѓаните, Јапонците и многу други. И мораме да им се заблагодариме на сите кои помогнаа и ги почитуваме оние кои се борат од почетокот. Затоа што се борат за своето достоинство, независноста на своите деца и за безбедноста на Европа. „Ова се едноставни работи, но добро е да се сеќаваме на нив во моменти како овие“, им рече Макрон на новинарите во Португалија.

Џорџа Мелони, Италијанската премиерка порача дека потебен е итен самит на САД со Европа на кој ќе се разговара за справување со главните предизвици.

„Поделените нема да имаат корист никому. „Потребен е итен самит на САД, европските држави и сојузниците на кој искрено ќе разговараме за тоа како ќе почнеме да се справуваме со главните предизвици денес, почнувајќи од Украина“, рече таа, додавајќи дека Италија официјално ќе го испрати овој предлог до своите партнери.

Овие реакции следуваат по вчерашната тензична средба бо Белата куќа./ Алсат.мк

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button