СПОРТФУДБАЛ

Евросонг му помага на Реал Мадрид пред реваншот во ЛШ?!

Шпански „АС“ пишува дека финалето на Евровизија во Ливерпул може да му помогне на Реал Мадрид во пресрет на реваншот од полуфиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Сити. Натпреварот од Премиер лигата меѓу Евертон и Манчестер Сити е поместен од сабота за недела, па фудбалерите на Пеп Гвардиола ќе имаат еден ден помалку за одмор.

Advertisements

Изборот за песна на Евровизија се одржува во Ливерпул, а полицијата од Мерсисајд побара од Премиер лигата да не одржува никаков настан во градот Ливерпул во сабота за да се избегне гужва на денот на финалето на Евровизија поради недостиг на полицајци.

Сити и Евертон така ќе играат во недела од 15 часот во рамките на 36. коло од Премиер лигата, а реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите е закажан за в среда од 21 часот на „Етихад“.

Првиот натпревар заврши 1:1. Пред реваншот со Сити, Реал Мадрид во сабота од 21:00 часот го пречека Хетафе во 34.коло од Ла Лига./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button