ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евростат: 71% од младите во Македонија живеат со родителите

Истражувањето на „Евростат“ за бројот на млади жители меѓу 25 и 29 години кои живеат со родителите покажа дека Македонија се наоѓа на шестата позиција зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Од регионот најмногу од младите, односно 79,9 отсто, на оваа возраст живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти од младите жители. На третата позиција на листата на „Евростат“ се наоѓа Србија со 76,4 отсто, по што следат Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

Advertisements

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители, а помал број од младите кои го делат својот дом со родителите се Италија со 69,8, Косово со 68,6, Португалија со 68,1 и Словачка со 67,4 проценти.

Балканските земји доминираат на листата на „Евростат“, а на тоа влијаат повеќе фактори, меѓу кои и финансиската моќ која ја имаат жителите.

Извор: МКД,мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button