ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Еврото е околу највисокото ниво во однос на доларот во последната година

На девизните пазари курсот на еврото се движи околу највисокото ниво во однос на доларот во последната година, бидејќи на инвеститорите им се чини дека европската економија е многу поотпорна на ширење на ризикот во банкарскиот систем за разлика од американската, а загрижени се и за можноста од рецесија во САД.

Како резултат на тоа, индексот на доларот, кој ја мери вредноста на курсот на доларот во однос на шесте најважни светски валути, падна за 0,4 отсто, на 101,4 поени. Во средата стигна до 101 поен, најниска оценка во последните две недели.

Еврото, од друга страна, се движи околу највисокото ниво во однос на доларот во последната година од 1,104 долари, што е за 0,6 отсто повеќе од претходниот ден, додека инвеститорите шпекулираат дека економските изгледи на Европа би можеле да бидат добри откако Германија вчера ја зголеми оценката за нејзината овогодинешниот раст од 0,2 на 0,4 отсто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button