ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Езерото Треска, некогашна туристичка атракција, е целосно запуштено

Езерото Треска, некогашна туристичка атракција, е целосно запуштено

На патот што води кон езерото Треска нè пречекаа диви депонии. Има големо количество отпад.
Езерото Треска некогаш го посетуваа илјадници граѓани на Скопје, но и странски туристи, додека денес ова езеро остана само како една голема дупка во средината на општина Сарај.

Advertisements

А бидејќи ова место одамна не се користи од луѓето, го „окупирале“ животните.
Според градоначалникот на општина Сарај, Иљас Весели, надлежностите и одговорностите за подрачјето на езерото Треска и припаѓаат на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а од таму сè уште се чека одговор за тоа што ќе се одлучи во врска со судбината на овој локалитет.

„Ние како општина пред неколку дена побаравме да добиеме информација од Министерството за економија и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која функционира во рамки на ова министерство. Побаравме од нив да појаснат кои се следните чекори за решавање на прашањето со езерото Треска, односно оваа проблематика, и се надеваме дека ќе добиеме одговор од нив“, рече Иљас Весели – Градоначалник на општина Сарај.
Според Весели, доколку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот не понуди некаков план за развој на подрачјето околу езерото Треска, тогаш општина Сарај ќе побара барем да ѝ се дозволи ревитализација на оваа зона со цел да се искористи како парк за граѓаните. Според Министерството за економија, со последните измени во Законот за туристичка дејност и Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РСМ, сите прашања поврзани со туризмот се под надлежност на Министерството за култура и туризам. Што се однесува до тоа каков план имаат за езерото Треска, од агенцијата досега не добивме одговор./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button