СПОРТФОРМУЛА - 1

Ф1 – Двојна победа за „Мекларен“ во Монца

Трката за Големата награда на Италија му припадна на возачот на Мекларен, Даниел Рикардо кој дојде до првата победа од 2018 година, а истовремено на британскиот тим му го донесе првиот триумф од 2012 година.

Прашањето е сепак, како трката ќе се одвиваше ако во 24-тиот круг не дојдеше до инцидент и судир по кој од конкуренција испаднаа двајцата главни фаворити за титулата Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Освен Даниел Рикардо, на подиумот се најдоа и неговиот тимски колега Ландо Норис, а им се приклучи Валтери Ботас кој го извозе и најбрзиот круг на трката со време од 1:24.827. Интересно, Ботас не мина низ целта како трет, туку тоа беше Серхио Перез, но Мексиканецот имаше казна од пет секунди од средина на трката. За потсетување, ова е последната сезона во која Ботас вози во екипата на Мерцедес, бидејќи од 2022 се сели во Алфа Ромео.

Во врвот на генералниот пласман немаше поместувања во однос на вчера, па Ферстапен останува лидер со 226,5 бода, додека Хамилтон го следи со 221,5. Ботас ја чува третата позиција со 141, а му се приближи Ландо Норис кој има 132. Од возачите кои имаат над 100 бода тука се уште и Серхио Перез со 118, односно Шарл Леклер со 104.

Следната трка во Формула 1 се вози на 26 октомври на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button