МАКЕДОНИЈА

Фадил Зендели повеќе не е член на Комисијата за избори и именувања

Парламентарното мнозинство создаде услови за враќање на мнозинството во Комисијата за избори и именувања. Пратеникот Фадил Зендели, кој беше именуван за член на оваа комисија од редовите на мнозинството уште од времето кога Беса беше дел од владата, повеќе нема да биде дел од оваа комисија. Засега не се знае кој пратеник од мнозинството ќе го заземе неговото место. Но, разрешувањето на Зендели, според власта, отвора пат за деблокирање на собраниските тела и работата на законодавецот. Една од најитните постапки е именувањето на четворица нови судии во Уставниот суд. Опозицијата предупредува за партиски именувања.

Пратеникот Павле Трајанов бара институциите да ја прифатат потребата од нов закон за Уставен суд и нова процедура за избор на уставни судии. Според него, партиските избори го отвораат патот за партизација на оваа институција.

Многу комисии во Собранието одамна не функционираат. Некои останаа без членови, а некои без претседател. Комисијата за избори и именувања треба да најде замена меѓу замениците за испразнетите места во работните тела на законодавецот.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button