ЕКОНОМИЈА

Фалсификувани американски долари пуштени во промет

Фалсификувани американски долари се пуштале во оптек на црниот пазар. Според инфомации на Алсат, станува збор за сума од половина милион американски долари од кои дел биле пуштени во оптек. Извори на Алсат од истрагата велат дека овие пари најверојатно се трошеле на дрога, а во претрес на неколку локации во близина на Железничката станица во Скопје најден е и експлозив. Во оваа аферата засега се уапсени четири лица.

Од МВР ги потврдуваат овие информации. При претрес во гаража на улицата „Бојмија“ во скопската населба Аеродром најдени се речиси 400.000 фалсификувани американски долари. Парите биле чувани во хартиена кеса а биле по апоени од 100 долари. Во гаражата најдено е пакување со 149 екстази. Полицијата информираше дека две лица се лишени од слобода против кои ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пордавање дрога, фалсификување пари, како и за недозволено израборување, држање и тргување со оружје или распрскувачки материи. Станува збор за тешки дела кои сите одделно носат казна затвор до 10 години. Претресите биле направени вчера.

„Иизвршија претрес во стан на ул. Венјамин Манчуковски во скопската општина Аеродром, во кој биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од с. Зелениково. При претресот во станот е пронајдена таблета екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки- детонатори М5 за експлозив, кој од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење“, изјави Гоце Андреевски, МВР.

Од полицијата сооопштија дека лишени од слобода се уште две лица на возраст од 20 и 21 година. Кај едниот била најдена само марихуана, а кај другиот покрај марихуана, полицијата открила дека чува и синтетичка дрога амфетамин и трипови. Од полицијата информираат дека ќе продолжат со проверките за да идентификуваат и други инволвирани лица.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button