
Индексот на цените на ФАО во просек изнесуваше 140,7 поени во февруари 2022 година, што е за 5,3 поени (3,9 отсто) повеќе од јануари и дури 24,1 поени (20,7 отсто) над нивото од пред една година. Ова претставува ново највисоко ниво на сите времиња, надминувајќи го претходниот врв од февруари 2011 година за 3,1 поен. Февруарскиот раст беше предводен од големите зголемувања на подиндексите на растителните масла и млечните производи. Зголемени се и цените на житарките и месото, додека подиндексот на цените на шеќерот паѓа трет месец по ред, соопштија од агенцијата на ОН.
Светските цени на храната се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи го највисокото ниво од следењето на податоците од ФАО, поттикнати од повисоките цени на растителните масла и млекото и млечните производи.
Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО се зголеми за 3,9 отсто од неговата ревизија во јануари на просечни 140,7 поени, што е највисоко откако агенцијата на ОН почна да објавува извештаи.
Цените на растителното масло пораснаа најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари.
ФАО го нагласува стравот од нарушување на извозот на сончогледово масло од регионот на Црното Море по рускиот напад на Украина, која заедно со Русија сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извозен пазар.
Цените на житариците се зголемија за 3,0 отсто на месечна основа, како одраз на скокот на цените на пченката од 5,1 отсто и порастот на цените на пченицата за 2,1 отсто, поттикнати од несигурните залихи низ пристаништата на Црното Море.