СПОРТФУДБАЛ

Фариоли поднесе оставка, Ден Хаг се враќа кај Ајакс?!

Италијанскиот стручњак Франческо Фариоли повеќе не е тренер на фудбалерите на Ајакс по фијаското во последните пет кола и губењето на титулата во Ередивизие и покрај тоа што имаше девет бода предност во однос на ПСВ, објави денес клубот од Амстердам.

Advertisements

Во соопштението се наведува дека Фариоли ги информирал челниците на Ајакс за својата одлука, кои ја прифатиле оставката на италијанскиот тренер. 36-годишниот Фариоли го презеде Ајакс во мај минатата година, а имаше договор со холандскиот клуб до 30 јуни 2027 година. Покрај Фариоли, клубот ќе ги напушти и помошниците Даниеле Кавалето и Фелипе Санчез Матео, како и тренерот на голманите Јарко Туомисто.

Фариоли, по вчерашниот натпревар не го сочува емоциите и заплака пред фановите на клубот.  Медиумите во Холандија пренесуваат дека би можел да го преземе Ајакс. Наводно, Тен Хаг е во прв план кај техничкиот директор Алекс Крус и тоа го пренесува еден од најпознатите холандски медиуми „Де Телеграф“. Во Ајакс Тен Хаг помина четири години и под негово воддство тимот дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите кога Тотнем ги елиминираше со гол во последните минути.

Ајакс ја заврши сезоната во холандското првенство на второто место на табелата, еден бод зад првопласираниот ПСВ Ајндховен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button