ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фармацевтот кој беше фатен со мито, суспендиран од работа

Нов  скандал на одделението каде се лекуваат болните од рак. Откако беше уапсен за поткуп, еден од  фармацевтите на Клиниката за онкологија денеска е суспендиран од работа. Пред една недела Калтрин Уштеленца беше уапсен за примање поткуп од пациентка, која го пријави случајот, бидејќи истиот продавал терапија за рак од интерната аптека на клиниката за месеците септември и октомври.

„По пријавувањето на случајот, на средбата помеѓу пациентката и фармацевтот на задниот влез од клиниката, пациентката му дала 100 евра и на лице место е фатен од полицијата, и кај истиот како материјален доказ е пронајдена и банкнотата, велат од МВР.

Случајот е процесуиран од надлежен обвинител и истрагата. 

„Обвинителството Скопје поднесе кривична пријава против К.У од Дебар за кривичното дело поткуп казниво според член 357 од КЗ.  На 21.10.2022 година, вработениот на Клиниката за онкологија, злоупотребувајќи ги службените овластувања, од пациентката побарал 100 евра надомест за давање терапија за два месеци. Осомничениот го повторил делото во текот на другите месеци кај истата пациентка“велат од Основно јавно обвинителство.

Од дирекцијата на Клиниката велат дека и пред ова имале проблеми со недостиг на лекови. Организацискиот директор на клиниката Нехат Нухи рече дека не се работи само за изолиран случај, туку за појава на злоупотреба за која постои сомневање дека се практикува поширо.

 

„Добивме решение од Основен суд за определување на мерка на претпазливост на осомничениот, а ние ќе постапиме врз основа на законските овластувања.  Денеска носиме решение за суспензија врз основа на закон, потоа ќе формираме дисциплинска комисија и мерките ќе бидат изречени врз основа на дисциплинската комисија. Според раководителот на аптеката и медицинскиот директор, имаше случаи каде што недостасуваше терапија и тоа сме го пријавиле“, рече Нехат Нухи, организационен директор на Онкологија.

На Клиниката за онкологија има 220 вработени, од кои 20 се со договор и уште 40 со посебни решенија. Според неофицијални информации, дел од овие вработени покрај плата земаат и дневница во плик од буџетот на клиниката, појава за која се очекува да се прошири истрагата.

 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button