МАКЕДОНИЈА

Фатен крадец што украл чанта од возрасна жена и лаптоп од болница

Фатен крадец што украл чанта од возрасна жена и лаптоп од болница

На 10.8.2022, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д. М. (33) од Штип.

Advertisements

Тој се сомничи дека на 29.7.2022, на улицата Ванчо Прќе во Штип, извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин одземајќи ѝ чанта и мобилен телефон на 82-годишна жена и кривично дело кражба, извршено на 30.7.2022, при што од работна просторија во состав на Клиничката болница Штип одзел торба со лаптоп и други предмети, сопственост на вработен во болницата.

Во просториите на СВР Штип, при извршен службен разговор, осомничениот ги појаснил времето, местото, начинот и околностите на вршење на кривичните дела, како и на лицата на кои им ги продал одземените предмети.

Украдените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случајот, против Д. М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button