ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Денеска (04.01.2023) во 16:20 часот на ул.„Лисец“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(27) од Скопје.

Advertisements

Тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на  наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување на шест години и два месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button