ЕКОНОМИЈА

Фатмир Бесими ги одби – вработените во културата останаа без повисока плата

По неколкунеделни протести вработените во Министерството за култура, Агенцијата за филм и Управата за културно наследство денеска остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими. По еден час преговори, синдикалците излегоа со наведната глава. Добија негативен одговор од Бесими. За нив нема покачување на платата. Колективниот договор кој бараа да биде потпишан по втор пат, ресорниот министер го одбил и со тоа нивното барање од зголемување на платите за 30 отсто, нема да се случи, барем засега.

Advertisements

„Седумдесет отсто од вработените во трите институции се со потпросечна плата, значи околу 25 илјади денари или 400 евра и споредбата во однос на сегашното покачување коешто го добија именуваните лица. Револтот секогаш постои, но кај нас постои единство кај членовите и кај синдикатот и ние нема да се откажеме“, рече Бранко Костовски Синдикат на Министерство за култура при УПОЗ.

Од друга страна, именуваните лица си добија сериозно покачување на платите и сега наводно ќе бараат начин преку нов закон да ја намалат сумата. Премиерот Димитар Ковачевски вчера тврдеше дека не може одлуката на Уставен суд да се промени со владина одлука и затоа ќе мора да добиваат зголемени плати. Додека добар дел од вработените во јавниот сектор и институциите редовно се на улица и протестираат за повисоки плати, пресметките на синдикалците велат дека околу 500 функционерите ќе добиваат плати од 1.500 до 2.300 евра месечно.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button