Фатмир Бесими уверен: „Со штрајк не може да се блокираат границите“

Државната администрација се полни со нови вработени пред секој изборен циклус, велат граѓанските здруженија. Сега кога дојде време за зголемување на платите, власта сака да ја мери продуктивноста на работниците. А, како тоа да не е доволно, премиерот Ковачевски и министерот за финансии Бесими велат дека е неизбежно да се провери и потеклото на имот на вработените во јавниот сектор. Но, вработените во УЈП и Царинската управа велат дека ќе штрајкуваат со блокирање на системот.
Зошто Владата е убедена дека институциите нема да бидат блокирани, не добивме одговор. Но, сега револтот на претставниците на овие две институции е поголем отколку што го претставуваат властите. Тие велат дека се подготвени да штрајкуваат ако платите не им се зголемат за 30 отсто. Одговорот на властите на долг рок е дека ќе се донесе нова методологија за плати и колективен договор, за што тие се во разговори во социо-економскиот совет, но сега кога кризата чука на нивна врата, најавуваат „ветинг“.
За државните функционери, зголемувањето на платите од 78 отсто беше спроведено веднаш, а за УЈП и Царината, властите сега бараат автентично толкување од Собранието. Вицепремиерот Битиќи ја префрли топката во Парламентот. Ако пратениците потврделе дека овие две институции треба да имаат зголемување на платите како она во Министерството за финансии, тогаш ќе се гласа на владина седница и платите ќе се зголемат. Но, Битиќи не кажа колку евентуално ќе трае целиот овој процес.
Аднан Ќаили