МАКЕДОНИЈА
Фазлији: Сивата економија цвета кај занаетчиството

Сивата економија е мошне присутна во занаетчиството, а за тоа придонесува и донесувањето на одредени закони кои иницираат појава на истата, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ претседателот на Занаетчиската комора, Агрон Фазлији.
„Сивата економија моментално цвета кај занаетчиството и мислам дека најголемиот удар што го прави во занаетчиството е сивата економија, која со години никако не можеме да ја сузбиеме. Ние како Комора реагираме, бидејќи секој втор, трет дуќан работи на црно и затоа пати и формалната економија. Мислам дека донесување на закони за иницирање на сива економија придонесува за затворање на дејности и напуштање на државата“, вели Фазлији.